
Преминот Клепало се наоѓа меѓу селото Струмјани од бугарската страна на границата и Берово од македонска страна, а неговото отворање ќе ја олесни економската соработка и туризмот меѓу двете земји.
Според Министерството, пари од европски фондови ќе се користат и за изградба на пристапните патишта.
Освен изградбата на Клепало, Бугарија најавува дека ќе го проширува и граничниот премин Станке Лисичково што ги поврзува Благоевград од бугарска и Делчево од македонска страна со цел да се олесни патувањето меѓу двете земји и да се намали времето на чекање.






