
„Кон што да имате претензии? Ние сите сакаме да сте дел од ЕУ, први ве признавме, први ве поддржавме за НАТО. Но, да кажеш дека историјата не е важна е исто како да си умреш како овца без историја“, рече Борисов за време на посетата на Силистра.
Тој потсети на напорите на Бугарија направени уште од времето на претседателот Жељу Желев до потпишувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, поддржан од сите политички партии во Бугарија. Во него, според Борисов, е кажано што треба да се направи и какви комисии треба да има.
„Минавме низ многу тешки, многу несреќни настани за нашата историја, но секогаш сме се воздигнувале и победувале, за што сите се гордееме дека сме Бугари“, рече Борисов, забележувајќи дека Петков е прв државник којшто првпат оди во Македонија, без да положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев.
Тој уште рече дека сака да дознае дали за време на средбата во четири очи меѓу премиерот Петков и македонскиот претседател Стево Пендаровски зборувале за македонско малцинство во Бугарија. Според него, во бугарскиот Устав јасно е кажано дека сите бугарски граѓани се еднакви.
Борисов уште се осврна на прашањето за фашизмот.
„Нивниот премиер (Ковачевски), макар и на еден ден го ‘зароби‘ зашиот за фашистите. Тоа не е за потценување, многу мудро го направи тоа. На тој начин ние се откажуваме од подвигот на бугарскиот народ да му се спротивстави на Хитлер за спасените над 50 илјади бугарски Евреи“, изјави Борисов одговарајќи на новинарски прашања.
Според него, освен историјата се друго се решава лесно.






