вторник, 9 декември 2025

Бајрами: Разрешување и на министерот за правда заради смртта на Реџаил Ќерими

Објавено на

часот

Сподели

„Алијансата за Албанците бара да се истражат околностите кои доведоа до смртта на Ќерими. Бараме разрешување и одговорност на министерот за правда, заменик министерот, директорот на Управата за затвори и од директорот на Затворот Идризово, затоа што во затворот немало медицинска екипа или брза помош, а починатиот со полициско возило бил пренесен во болница. Ова не е обична смрт. За влошувањето на здравствената состојба можеби има повеќе причини, од  неправедното престојување во затворот, од услови и третманот, негрижа за медицински третман. Дополнително, треба да одговараат и судиите и обвинителството и сите оние кои го монтираа овој случај. Итно да се свика рочиштето и да се спроведе независното вештачење, зашто веруваме дека обвинетите не се виновни во случајот ‘Алфа’, изјави Наим Бајрами од Алијанса за Албанците.

Реџаил Ќерими и уште две лица во 2010 година беа осудени на доживотен затвор за убиството на еден полицаец Албанец и за ранувањето на двајца полицајци Македонци што се случи во 2008 година на паркингот на Природно математичкиот факултет во Скопје, а едно лице беше осудено на девет години затвор.

„Алфа“ е еден од судскиот процеси за кој партијата Алтернатива, како еден од условите за влез во Влдата кон крајот на минатата година побара меѓународна експертиза.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ