вторник, 9 декември 2025

Арсовски: СДСМ се фатени со рацете во медот, а антикорупционерите чекаат инструкции од власта

Објавено на

часот

Сподели

Според портпаролот, градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ за СДСМ се разочарување затоа што работат, како што рече, по 20 часови на ден, но не даваат ѝ даваат на Калеска-Валчева паушали од општините и јавните претпријатија.

„Пет институции кои ги воделе кадри на СДСМ, блиски до Калеска-Ванчева, блиски до Зоран Заев, блиски до сегашниов Димитар Ковачевски, платиле на адвокатското друштво на Калеска-Ванчева, една од најгласните пратенички во Собранието која го брани криминалот на Владата на СДСМ. Од никој од нив сѐ уште никаква реакција нема до јавноста, во најмала рака барем да се извинат“, рече Арсовски.

Портпаролот рече дека директорите од СДСМ го ангажираат друштвото на Калеска-Ванчева, на кое му плаќаат 55.000 евра.

„Толку пари обичен човек или адвокат на толку лесен начин не може и нема можност да заработи ниту за два животи. Напротви, обичниот човек и обичните адвокати кои немаат вакви повластувања, треба да се откорнат од работа за да заработат“, нагласи Арсовски и постави прашање дали тие 55.000 евра се единствените пари што ги инкасирало друштвото на Калеска-Ванчева или има и од други државни институции.

Арсовски оцени дека Антикорупциската комисија „дефинитивно спие или евентуално не добиле инструкции дали смеат да отворат случај за овој предмет“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ