понеделник, 8 декември 2025

Амбасадорска тркалезна маса за одржливоста на македонскиот надворешно-политички курс

Објавено на

часот

Сподели

Како што најавуваат организаторите, на тркалезната маса ќе се обратат претседателот Стево Пендаровски, вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ, министерот за надворешни работи Бујар Османи и претседателот на собраниската Комисија за надворешни работи Антонио Милошоски. На форумот ќе говорат и амбасадорот Дејвид Гир, шеф на ЕУ делегацијата во Скопје, амбасадорите на Италија, Словенија, Франција, Холандија, замениците шефови на мисии од амбасадите на Германија и САД, како и поранешните амбасадори Мухамед Халили, Александра Наќева-Ружин, Љупчо Арсовски, Тихомир Илиевски и Ѓорѓи Филипов.

„Со оглед на актуелноста и значењето на темата за иднината на нашата земја и регионот, целта на настанот е размена на мислења во врска со пристапниот пат на земјата кон ЕУ, со што Советот на амбасадори дава свој придонес кон овозможување на поширока општествено-политичка дебата по однос на ова значајно прашање“, велат организаторите.

Амбасадорската тркалезна маса е годишен, препознатлив настан на Советот на амбасадори, организиран под покровителство на претседателот Стево Пендаровски. Настанот е поддржан од дипломатската заедница во земјата и веќе прераснува во традиција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ