Меѓу многубројните резултати на Владата на Заев, тој посочи на работите на Коридорот 8, како и на натамошното поврзување со автопатот од Елбасан кон Драч.
Адеми оцени дека се унапредени процесите на рамноправност на етничките заедници, нагласувајќи дека е проширен и кон приватниот сектор.
„ДУИ заедно со своите партнери во Владата стави крај на бесмислените предрасуди во македонското општество кон Албанците и другите етнички заедници. Заедно во Владата ги зацврстивме партнерските односи со САД и со земји од Европската Унија, дел сме од НАТО. Конечно, договорено е премиер да биде Албанец во последните сто дена од мандатот на Владата, за што имаме поддршка од СДСМ, но и од другите партии на Албанците. Тоа говори за политичка зрелост“, рече Адеми.

Тој повика да се засукаат ракавите и заедно сите партии да работат на полноправно членство во ЕУ.
„Тоа е важна стратегиска цел и нема алтернатива. Затоа, утре да гласаме за Македонија во ЕУ, за Македонија како развиена земја на рамноправни граѓани“, рече Адеми.
Toj посочи дека се што до сега ветиле како ДУИ, тоа и е реализирано и, како што рече, кадрите на ДУИ имаат реализирано конкретни резултати кои не можат да се спорат.
„Додека во регионот имаше рестрикции и дури некои градови беа без светло, министерот Бектеши кажа дека нема да има рестрикции. Така и испадна. Се изнајде решение и за скопското парно греење и не се зголемија цените за домаќинствата, рече Адеми.






