сабота, 6 декември 2025

Aдеми: Апасиев прави зулум врз демократијата заедно со сојузникот Алијанса за Албанците

Објавено на

часот

Сподели

Координаторот на ДУИ Арбер Адеми нагласи дека Владата ќе продолжи со стратегиските чекори во интерес на државата со цел да се отворат нови перспективи за државата.

На тоа Апасиев возврати: „Почитуван Адеми, другпат кога директно ми се обраќате, ве молам говорете на македонски јазик бидејќи јас слушалките за превод не ги користам“.

Со реплика кон Апасиев реагираше уште само Дарко Каевски од СДСМ.

„Лицемерието на Левица, како и секогаш е пуштено на најјако, кога се работи за вас и за вашиот гуру Христијан Мицкоски за да дојдете на власт некои работи не ви пречат, а за да се донесе нешто добро за граѓаните ви пречат. Апасиев зборувше за биотероризам, кога граѓаните очекуваа пакети мерки во ова Собрание, во услови кога се соочуваме со пандемија, а тоа не му пречеше кога требаше да ‘формира’ Влада со својот гуру Мицкоски, а истото се однесува и со Преспанскиот договор, потпишува документи со називот Република Северна Македонија, кога му одговора, а инаку го критикува. Вашето лицемерие не поминува ни тука во Собранието, ни кај граѓаните, рече Каевски.

Апасиев возврати дека и во иднина не секој преседан од СДСМ и Владата ќе се возвраќа.

„Гласавте во скафандери, ете потоа и ние тоа го направивме, ама ви пречеше. Поднесувавте бројни амандмани, поднесуваме и ние. Утре ако бидеме власт, ќе ви го правиме истото што и вие изминативе години го правите кон опозицијата“, рече Апасиев.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ