Како што информира Стопанската комора на Македонија, идејата на ваквата заедничка обединета бизнис активност во организација на Комората е во насока на поддршка на Макпрогрес по пожарот кој сериозно уништи дел од имотот, опремата и капиталот на фабриката, а имајќи ја предвид неговата извозна веќе докажана афирмација.
„Стимулирањето на зголемената домашна потрошувачка на производите на Макпрогрес според проекциите на менџаментот на Макпрогрес, а во координација со активностите во Комората може да биде сериозна поддршка за обезбедување опстанок на фабриката, но најбитно и единствен начин за задржување на сите работници на работа во компанијата со што нема да се предизвика негативен ефект врз вработените и нивниот животен стандард“, се вели во соопштението.
Како што е најавено, концептот за идното работење на Макпрогрес и за случувањата во фабриката, првиот човек на Макпрогрес, Глигор Цветанов ќе им ги соопшти на присутните на состанокот во Комората во петок.






