недела, 14 декември 2025

Под контрола пожарот во фабриката во Виница, пожарникари се здобиле со изгореници од стопен шеќер

Според последните информации од Дирекцијата за заштита и спасување, во пожарот во фабриката „Макпроггрес“ во Виница (Винчини) опожарени се три линии означени како 6, 7 и 8 (од кои два магацини). Сите имале сончеви панели на покривот.

Објавено на

часот

Сподели

Спасени се линиите од 1 до 5. Пожарот е под целосна контрола. Во гаснењето учествуваа пожарникари од ТППЕ Виница, Македонска Каменица, Делчево, Кочани, Пробиштип, Штип, Струмица, Кавадарци и Велес.

„Неколку пожарникари се здобиле со изгореници на стапалата откако се заглавиле во смола од стопен шеќер во еден од погоните. При обидот да ги одглават стопалата чизмите им останале во стопениот шеќер и згаснале во стопената смеса“, информираат од ДЗС.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ