недела, 14 декември 2025

По речиси 50 години реконструкција на Здравствениот дом во Гостивар, најави министерот Алиу

Министерот за здравство, Азир Алиу, денеска го посети Здравствениот дом во Гостивар и заедно со директорот, Вулнет Оломани направија обиколка на оваа здравствена установа по повод изготвениот проект за реконструкција и надградба.

Објавено на

часот

Сподели

„Директорот ме информираше за тековните подготвителни активности за реконструкција на Здравствениот дом по речиси 50 години, во рамки на која е предвидена доградба на уште еден нов кат, со што сите дисперзирани служби ќе бидат сместени во ист објект, како што се биохемиската лабораторија, патронажа, спортска медицина, систематски прегледи и администрација. Овој проект е од исклучително значење за моите сограѓани од Гостивар, за сите пациенти кои добиваат здравствена услуга тука, како и за целиот здравствен кадар кој работи во оваа здравствена установа“, истакна министерот Алиу при посетата.
Инаку, со цел кадровско зајакнување на здравствениот дом Гостивар веќе е објавен оглас за 19 нови вработувања, меѓу кои шест доктори, девет медицински сестри и останат технички кадар. Постапката за вработување на овие лица ќе продолжи по завршување на изботниот процес.
Исто така, во моментот четворица доктори од оваа установа се упатени на специјализација од областа на биохемија, педијатрија, ургентна медицина и спортска медицина.
Министерот Алиу присуствуваше и на државниот натпревар по прва помош, кој се одржа на градскиот плоштад во Гостивар. Натпреварот ги обедини екипите од целата држава, кои демонстрираа знаења и вештини од областа на прва помош, соопшти Министерството за здравство.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ