среда, 11 јуни 2025

Перински во Делчево: Не запира поддршката за општините

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, денеска заедно со премиерот Христијан Мицкоски извршија увид на градежните активности на два од четирите проекти што се реализираат во Делчево, одобрени на првиот владин повик за поддршка на инфраструктурни општински проекти. Тие беа во населбата Ново Делчево, каде во тек е реконструкција на повеќе улици со вкупна должина од речиси 2 км, а извршија увид и на изградбата на дел од регулацијата на реката Габровчица во должина од 700 метри.

Објавено на

часот

Сподели

„Овие проекти се доказ дека ветувањата на Владата се реалност, тие веќе го гледаат светлото на денот. Како Влада, почнавме отворено, транспарентно. Граѓаните и градоначалниците ја препознаваат нашата помош, нашиот партнерски однос кон нив. Политикантството и политичките игри ги оставаме да ги користи нашиот политички опонент, а ние ќе продолжиме да проектираме, да реализираме проекти коишто соодветствуваат на потребите на граѓаните. Така почнавме, верувајте ми, така и ќе продолжиме“, истакна министерот Перински кој потсети дека Општината на првиот владин повик доби 37 милиони денари за четири одобрени проекти, а се очекува да добие околу 115 милиони денари директна финансиска помош за 10 проекти, колку што поднесе на вториот јавен повик.
„За паралела, годишниот буџет на Општината наменет за капитални инвестиции изнесува од 15 до 20 милиони денари и ова го кажувам за да потенцирам колкава е важноста на помошта која Владата ја дава на сите локални самоуправи без исклучок, независно од политичката припадност на градоначалникот“, додаде министерот.

Премиерот Мицкоски изрази задоволство што и во Делчево непречено се одвиваат градежните активности за реализација на проектите од првиот владин повик за поддршка на инфраструктурни општински проекти. „Ова се проекти за граѓаните, не се проекти ниту на ВМРО ДПМНЕ, ниту на СДСМ, туку за делчевчани. И тоа е нашиот мотив, тоа е нашата инспирација“, истакна Мицкоски.
Министерот и премиерот ја посетија и фабриката „Игма текс“, која претставува успешен пример на локално претприемништво во текстилната индустрија. Фабриката со над 100 вработени е значаен економски двигател за локалната економија и пример за тоа како поддршката на малите и средни претпријатија може да доведе до нови работни места и развој на локалната економија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ