понеделник, 15 декември 2025

Панди Јани: Посетата на министрите во Пустец, потврдува дека ние Македонците не сме заборавени

Познатиот активист за правата на Македонците во Албанија, Панди Јани, вчерашната посета на македонските министри на Пустец ја оценува како многу значајна за македонското малцинство во оваа земја.

Објавено на

часот

Сподели

„Посетата на Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи, Панче Тошковски, министер за внатрешни работи и Зоран Љутков, министер за култура претставува голема чест за нас Македонците, значаен чекор во унапредувањето на односите и потврдува дека ние Македонците не сме заборавени“, објави Панди Јани на Фејсбук.

Додава дека за време на посетата, министрите се запознале со состојбата и животот на македонската заедница во Албанија, а разгледале културно-историски знаменитости во областа, која распослана покрај Преспанското Езеро, изобилува и со  многу природни убавини.

Покрај другото ја посетиле и црквата Свети Архангел Михаил, каде имале срдечна средба со парохискиот намесник отец Алексо Темелко.

Исто така, присуствуваа и на настани организирани во рамки на јубилејното 20-то издание на манифестацијата „Македонско културното лето” што се одржува во Пустец, со што дадоа силна поддршка на зачувувањето на македонскиот идентитет, традиција и јазик”.

Во име на Македонците тој изразува длабока благодарност за нивното присуство и внимание, како и за понатамошната поддршка и соработка во иднина.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ