петок, 5 декември 2025

Паметната специјализација ќе донесе подобар живот, вели Јаневска

Спроведувањето на плановите опфатени со Стратегијата за паметна специјализација ќе донесе раст на економијата и подобар живот во земјата и ќе придонесе за исполнување на стандардите за влез во Европската Унија, изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска, која во Брисел учествуваше на Конференција посветена на стратегиите за паметна специјализација во процесот на проширување на ЕУ

Објавено на

часот

Сподели

„Имам впечаток дека на сите граѓани не им е јасно што всушност претставува паметната специјализација и колку е тоа важен елемент во нашата земја. Со Стратегијата за паметна специјализација со помош на Заедничкиот истражувачки центар на Европската комисија (ЈРЦ) се одредени најсилните економски делови на земјата кои треба да се развиваат за да ја подобрат економијата. Значи економијата и растот на економијата во Македонија е поврзана со спроведување на паметната специјализација“, рече Јаневска, која го најави и формирањето на првата Канцеларија за паметна специјализација во рамките на МОН.

Таа потенцира дека во Стартегијата за паметна специјализација се одредени четири важни елементи, кои се наречени столбови на македонската економија и ги опфаќаат секторот на информациско-комуникациската технологија, паметното земјоделство, електромашинската индустрија или индустрија 4.0 и одржливите материјали и паметни објекти, на кои се надоврзуваат и два хоризонтални потпорни елементи и тоа енергијата на иднината и туризмот.

„Проценето е дека развојот на овие де факто шест области ќе донесат пораст на економијата и подобар живот во Македонија. Оттука имплементацијата на оваа паметна специјализација е од исклучително значење за прогресот на Македонија, а и за постигнување на стандардите за влез во Европската Унија, односно за вклучување на нашата држава во друштвото на ЕУ“, истакна министерката за образование и наука.

Јаневска на Конференцијата се обрати на панелот „Процеси на паметна специјализација во Западен Балкан: клучни достигнувања и искуства“, при што информираше за значајниот напредокот што го постигна земјата во последната година и половина во областа на паметна специјализација.

„Процесот на паметна специјализација е откочен. Претходно, околу пет години ништо не се случуваше во овој дел, а сега како држава со помош на Европската Унија и ИПА фондовите сериозно вложуваме во паметната специјализација и почнуваме да ги чувствуваме ефектите“, вели Јаневска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ