Веднаш потоа треба да започне постапката за избор на нов претседател на РКЕ и на член на ДКСК. Постапката за нивен избор ќе ја води Комисијата за прашања на избор и именувања.
На 85. седница закажана за 18 февруари се очекува на дневен ред да се најде и изборот на нов уставен судија. На последната седница на Комисијата за прашања на изборите и именувањата го предложи Гоце Наумовски за нов уставен судија, откако уставната судика Јадранка Дабовиќ Анастасовска во декември поднесе оставка од здравствени причини.
Засега на предложениот дневен ред на 85. седница в среда се Предлог за именување на (непрофесионално ангажиран) член на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување и Предлог на закон за органско земјоделско производство, во прво читање.
Пред почетокот на работата по точките од дневниот ред треба да се одржат опозициските прашања до премиерот и министрите.






