сабота, 26 април 2025

Осомничениот амбасадор Дритон Кучи се враќа од Норвешка откако разбрал дека го бараат за трагедијата во Кочани

Македонскиот амбасадор во Осло, Дритон Кучи се враќа дома со првиот авион откако разбрал дека полицијата го барала дома за настани поврзани со трагедијата во Кочани. Како што веќе објавивме, уште четири лица влегуваат во рамки на истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, каде загинаа 61 лице. Приведени се ексминситрите Ваљон Сарачини кој раководел со Министерството за економија од 2011 до 2014, односно моментите кога „Пулс“ првпат добива дозвола во 2012 година. Потоа, уапсен е и неговиот наследник Беким Незири, во чие време исто така дискотеката работела, а се бара и поранешниот министер за економија, а сегашен амбасадор на Македонија во Кралството Норвешка, во Осло, Дритон Кучи.

Објавено на

часот

Сподели

Дритон Кучи трета година е амбасадор на Македонија во Норвешка и Исланд а преходно од 2016 до 2018 беше министер за економија.

„Денес семејството ме информираше дека претставници на Министерството за внатрешни работи биле во мојот дом во Скопје, барајќи информативна средба. Немам што да кријам и секогаш сум одлучувал да постапувам со чесност и смиреност, дури и кога околностите биле тешки. Секогаш сум избирал да одам по прав пат, дури и кога тој бил најтежок. Зборував кога другите молчеа, и стоев исправен дури и кога се чувствував сам. Верувам во правдата за општото добро. Со првиот лет ќе бидам во Скопје – не за да се оправдам, туку за да потврдам дека транспарентноста и довербата се единствениот пат напред. Тука сум. Со мирна совест, чист пред себе, со непоколеблива волја – пред Бога и пред законите на државата“, напиша Кучи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ