недела, 14 декември 2025

Османи тврди дека ДУИ има решение за дивоградбите во Чаир

Чаир денес е една од најнетранспарентните општини во Македонија во која корупцијата и непотизмот го задушуваат развојот, а општината е узурпирана од оние кои ја водат. Наместо да им служат на граѓаните, тие работат за свои интереси, тврди кандидатот за градоначалник на Општина Чаир, Бујар Османи.

Објавено на

часот

Сподели

Османи од Чаир им вети на потенцијалните гласачи дека сето тоа ќе заврши „по промената на власта“ на 19 октомври.

„Од најнетранспарентна, Општина, Чаир ќе биде во првите пет општини по транспарентност,“ порача Османи.

Тој истакна дека празните зборови им ги остава на неговите политички противници, а дека тој самиот сѐ ќе докаже со дела. За таа цел го претстави новиот сет механизми за борба против корупција и заштита на јавниот интерес под името „Граѓанско око“.

„Овој сет вклучува четири нови решенија што досега не ги вовела ниту една општина. Не е доволно само да се има желба, потребни се и јасни механизми„ Четирите механизми кои го сочинуваат ‘Граѓанското око’ се јавно отворање на тендерите, јавна каса, независен мониторинг од невладините организации (НВО) и АИ контрола.

Според Осамни јавното отворање на тендерите значи дека секое отворање на понуди за јавни набавки ќе биде јавно, со пренос во живо и снимка достапна на интернет, а согласно Законот за јавни набавки до одредена фаза на постапката. Во текот на целата постапка, ќе се спроведува независен мониторинг од НВО и експерти за антикорупција во процесот на избор на најповолен понудувач кај поголемите тендери, за да се обезбеди фер и законска постапка.

Механизмот “Јавна каса” треба да обезбеди онлајн следење на сметките, приходите и исплатите на општината, преку едноставна алатка со која граѓаните во секое време ќе можат да знаат за што се трошат нивните пари.

“AИ контрола” значи постепено воведување на автоматизација на проверките со алатки за вештачка интелигенција, кои ќе ја елиминираат човечката пристрасност и ќе алармираат доколку нешто не е во согласност со законот.

„Со овие конкретни и ефикасни механизми ќе обезбедиме вистинска транспарентност и ќе ја заштитиме општината од корупција. Тоа е мојата заложба до граѓаните на Чаир,“ нагласи Османи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ