петок, 30 јануари 2026

Oштетени возила од урната стара куќа во Битола

Во Битола попладнево, во централното градско подрачје се урна стара куќа и оштети неколку возила паркирани во непосредна близина на куќата.

Објавено на

часот

Сподели

Несреќниот случај е регистриран зад станбениот комплекс, кај битолчани позната како „Зградата кај ЈАТ“, чиј простор се користи за паркирање на возила.

Увид на местото на настанот изврши екипа на СВР Битола, а обезбедени се и изјави на сопствениците на оштетените возила.

Во Битола, во централното градско подрачје има и други стари куќи кои претставуваат потенцијална опасност за сообраќајот и минувачите низ градот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ