понеделник, 16 февруари 2026

Општина Сарај ги повика граѓаните да пријават штети од поплавите

Општина Сарај информира дека од денеска до 23 февруари, граѓаните да ги пријавуваат штетите од вчерашните поплави на територијата на оваа општина.

Објавено на

часот

Сподели

„Сите жители на населените места на Општина Сарај, кои беа погодени од силните поплави во последните денови, со ова се известуваат дека можат да поднесат барања за идентификација и проценка на штетите предизвикани врз станбените згради, помошните згради, опремата и други средства. Комисијата формирана од Општината ќе излезе на терен за да ги потврди фактите и да ги процени пријавените штети. Рокот за поднесување на барањата е од 16 до 23 февруари. По истекот на овој рок, поднесените барања нема да се разгледуваат“, посочуваат од општината.

Граѓаните треба да ги доставуваат барањата во просториите на Општина Сарај во текот на официјалното работно време. Граѓаните можат да го преземаат образецот на следниот линк.

„Комисијата ќе им помогне и на жителите во пополнувањето на Обрасците за аплицирање, кои мора да се пополнуваат редовно и да бидат комплетни со сите задолжителни документи што се означени во барањата“, информираат од Општина Сарај.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ