понеделник, 5 мај 2025

ОЈО отвори истрага против кондовец за загрозување на сигурноста на дете

Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице од Кондово, кое во неговиот дом неовластено држел огнено оружје – полуавтоматски пиштол како и за загрозување на сигурноста на дете.

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопштуваат од ОЈО, осомничениот се товари за две кривични дела – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи од член 396 став 3 и Загрозување на сигурноста од член 144 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Во соопштението се наведува дека осомничениот од февруари месец, преку апликацијата вацап во неколку наврати сериозно се заканувал дека ќе нападне врз животот или телото на оштетено дете и врз животот и телото на таткото на детето.

„Осомничениот 35-годишник, во неговиот дом во Кондово неовластено држел огнено оружје – полуавтоматски пиштол црвена застава мод.70, калибар 7,65 мм, со две рамки и муниција – 24 куршуми. Во периодот од февруари до 7.04.2025 година, преку апликацијата вацап осомничениот во неколку наврати сериозно се заканувал дека ќе нападне врз животот или телото на оштетено дете и врз животот и телото на таткото на детето“, се наведува во соопштението.

Со цел да се пофали дека поседува огнено оружје, од ОЈО велат дека осомничениот најпрво во февруари на телефонскиот број, кој во тој временски период го користело детето, испратил видео клип на кој се гледа како пука со автоматска пушка додека бил на некоја свадба.

„На 7.04.2025 година, кога детето веќе користело друг телефонски број, осомничениот, преку апликацијата му се јавил и му упатил сериозни закани дека ќе го убие него и неговиот татко, доколку ја објави снимката со автоматската пушка. По неколку часа повторно му се јавил на детето и на висок тон продолжил со заканите, предизвикувајќи чувство на несигурност и страв кај него“, велат од ОЈО.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот, бидејќи, како што се наведува, постојат околности што укажуваат на опасност од бегство и особени околности кои го оправдуваат стравот дека ќе го повтори кривичното дело.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ