недела, 15 февруари 2026

Одрон на патот Кичево-Гостивар кај Колари

На патниот правец Кичево – Гостивар поради голем одрон кај село Колари од 7 часот изутринава е воведен наизменичен сообраќај по една коловозна лента во должина од 30 метри, информира Диспечерско-информативниот центар на ЈП Македонијапат. Поради одронот сообраќајот на патот Кичево – Гостивар од 5.40 часот беше во целосен прекин.

Објавено на

часот

Сподели

АМСМ информира дека од 5:45 часот на патниот правец село Лисец – Попова Шапка  воведена е забрана за сообраќај на тешки товарни возила и автобуси.

„Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата“, велат од АМСМ.

Препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ