недела, 14 декември 2025

Од службен мејл на МНР, кандидатот за градоначлник на Чаир од ДУИ, Бујар Османи тера кампања

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија утре ќе разгледува како кандидатот за градоначалник на Општина Чаир од редовите на ДУИ и поранешен министер за надворешни работи, Бујар Османи (МНР) преку службен мејл на министерството регистриран на извесен Мемет Жаку води кампања за претстојните локлани избори, дознава МКД.мк.

 

Фото: Архива

Објавено на

часот

Сподели

Извори од МНР за МКД.мк велат дека откако ќе се разгледа случајот, ќе биде донесена одлука дали евентуално ќе биде покрене дисциплинска постапка против Жаку кој е вработен во МНР и дали биле злоупотребени службени ресурси на министерството.

На објавата на Османи како контакт информации е напишан службениот мејл на Жаку и неговиот телефонски број. Инаку Жаку е вработен во МНР и ако се суди според јавно достапните информации, тој за време на Владата на Зоран Заев ги придружувал официјалните претставници на различни настани организирани од НАТО.

Неофицијално, за Жаку уште се знае дека е шеф на кампањата на Бујар Османи, иако на официјалните мејлови кои ги добиваат медиумите од кога ја објави својата кандидатура, не пишува ниту едно име, ниту има телефонски број. Мејлот од кој Османи ги праќа информациите до медиумите е креиран специјално за претстојните локални избори. За дел од активностите на Османи информации испраќа и неговата партија ДУИ од чиј официјален мејл стигнуваат и дел од информациите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ