„За тоа дека вложуваме во дуалното образование и ги стимулираме и компаниите за нивна поголема вклученост, покажува и тоа што над 550 компании оваа година директно ќе бидат вклучени во практична обука на учениците што ќе се запишат во дуалните паралелки.
Воедно, ова значи дека учениците со завршување на средно стручно училиште, ќе имаат поголема веројатност за брзо вработување, во најголем дел во компаниите каде посетувале пракса, или пак да продолжат со своето образование на некои од универзитетите во државата“, се наведува во соопштението.
Целта на оваа мерка се потпира на приоритетот на Владата да ја зголеми вработливоста на младите лица и да се создадат квалификуван кадри со вештини и компетенции што се потребни на компаниите, а со тоа ќе се овозможи младите својата иднина да ја градат во сопствената држава.
„Вложувањето во образованието, значи вложување во иднината и перспективата за развој на Македонија. Како Влада, фокус ни се реформите во образованието за подобар и поквалитетен образовен процес“, се порачува во владиното соопштение.