понеделник, 15 декември 2025

Од другата недела нова група на Пониква, апел на Министерството за здравство до медиумите

Првата група од 45 лица кои се повредени во трагичниот настан во Кочани ја заврши првата фаза од нивната рехабилитација во одморалиштето на МВР на планинскиот центар Пониква. На почеток на следната недела ќе пристигне нова група, која ќе добие двонеделна медицинска нега и физикална терапија, соопшти Министерството за здравство.

Објавено на

часот

Сподели

Со цел да се овозможат оптимални услови за овој процес на рехабилитација, Министерството за здравство апелира до медиумите, согласно специфичниот контекст, да продолжат да ја следат ситуацијата со особена внимателност, професионална етика и човечка солидарност во известувањето за лицата кои се повредени во трагичниот настан во Кочани.

Според проценките на здравствените работници, секое нарушување на нивната приватност или инвазивен медиумски пристап може да предизвика дополнителни трауми и да го отежни процесот на нивното рехабилитирање.

„Како основно човеково право да се почитува правото на приватност на повредените лица и нивните семејства. Да не се нарушуваат процесите на рехабилитација кои се спроведуваат од страна на стручни медицински тимови во Пониква и Општата болница во Кочани. Да не се снимаат или фотографираат лица кои ги посетуваат или се дел од рехабилитациските сесии во периодот додека се во одморалиштето на Пониква или во Општата болница во Кочани со цел да се зачува достоинството и мирот на оваа заедница. Воедно, да не се бараат и земаат изјави во пишан, видео или аудио формат од истите лица за време на нивниот процес на рехабилитација во претходно-наведените објекти.

Веруваме дека медиумите имаат суштинска улога во информирањето на јавноста, како и во градењето на емпатија и општествена одговорност“, соопштија од Министерството за здравство и додадоа дека остануваат отворени за соработка и навремено информирање на јавноста преку транспарентни канали.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ