понеделник, 15 декември 2025

Од 29 регистрирани, активни се седум пожари

На територија на државата остануваат активни седум пожари. Три пожари се ставени под контрола, а 19 се изгаснати.  Од Центарот за управување со кризи вечерва информираа дека денеска на територија на државата се регистрирани вкупно 29 пожари.

Фото: Архива

Објавено на

часот

Сподели

Од Центарот за управување со кризи вечерва информираа дека на територија на државата се регистрирани вкупно 29 пожари.

Активни се пожарите кај селото Нивичино меѓу општините Василево, Радовиш и Берово, кај селото Грешница, општина Македонски Брод, меѓу селата Локвица и Крапа, исто така во Македонски Брод, кај селото Беловиште во општина Прилеп, меѓу селата Церово и Групчин во општина Желино, кај селото Вакцинце во општина Липково и меѓу селото Горно и Средно Коњари во општина Петровец.

Под контрола се пожарите меѓу селата Царевиќ и Смолани во општина Прилеп, кај селото Латово во општина Македонски Брод и кај тунелите на автопатот Е-75 во општина Демир Капија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ