понеделник, 15 декември 2025

Обвинение за мотоциклистот кој на пешачка патека усмрти 68 годишник во центарот на Скопје

По целосно спроведена истражна постапка и обезбедени докази, Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот како и за неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода, информираа денеска од Јавното обвинителство.

Фото: Архива

Објавено на

часот

Сподели

„На 1 јули годинава, во вечерните часови, обвинетиот управувал мотор кавасаки по пешачка патека на улицата Јордан Хаџи Константинов – Џинот, наменета исклучиво за движење на пешаци. Моторот го управувал без воопшто да поседува возачка дозвола и спротивно на сообраќајните прописи, без да ја прилагоди брзината на движење. Имено, иако брзината на движење на моторот била 35 километри на час, што е помала од максимално дозволената на пат во населено место, сепак на наведената локација таа била поголема од безбедна брзина, имајќи предвид дека станува збор за пешачка патека на која моторот можел единствено да го турка, а не и да го вози. Затоа не успеал навреме да запре и удрил во телото на пешакот Југослав Николовски, роден 1957 година. При ударот, пешакот и сопатникот на моторот се здобиле со телесни повреди, а обвинетиот го оставил моторот и без да им укаже помош избегал од местото на несреќата. Повредениот пешак со тешки телесни повреди бил пренесен на Ургентниот центар во Скопје каде починал, додека сопатникот на моторот се здобил со телесни повреди“, се наведува во соопштението на Јавното обвинителство.

Надлежниот јавен обвинител, со поднесеното обвинение, до судот доставил и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ