четврток, 11 декември 2025

Зголемен е бројот на заразени основци кои посетуваат настава со физичко присуство, вели Петличковски

Објавено на

часот

Сподели

По редовната седница на Комисијата, Петличковски истакна дека има зголемување на нови случаи меѓу децата од шест до 14 години, главно меѓу оние кои ја следат наставата со физичко присуство, но нема простор за загирженост.

Апелираме буквално да се следат протоколите за настава со физичко пристуство, а учениците и родителите да го прифаќаат тестирањето, подвлече Петличковски, соопштувајќи дека се отвораат дополнителни три пунктови за тестирање во Скопје, во Ѓорче Петров, Идадија и Битпазар.

На овие пунктови тестирањата ќе може да се закажуваат од матичен лекар.

Во однос на смртноста, Петличковски информира дека најголем дел од починатите се невакцинирани, нецелосно вакцинирани или вакцинирани со две дози пред повеќе од шест месеци.

„Граѓаните да примат трета доза, зашто такви нема меѓу починатите, а хоспитализирани се многу малку. Третата доза штити највеќе од хоспитализација и смрт. Гледаме деновиве шарлатански, нестручни дебати, но ова се податоците кои се проверливи и најсилни, вакцинацијата со трета доза е најдобра заштита“, потенцира претседателот на Комисијата.

Според Петличковски, првите резултати од серолошкиот скрининг во Скопје се очекуваат во почетокот на идната недела.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ