Според здравствениот извештајот во последните 24 часа новопримени се 10 пациенти, дома заминал само еден. Со ова, бројот на хоспитализирани е 61 од кои 57 на Инфективното и четири на Кожното одделение, но и 13 лица на дневна амбуланта. Од хоспитализираните, 43 пациенти имаат потреба од кислородна поддршка, а вакцинирани се 17 лица.
Една пациентка на 78 годишна возраст од Радовиш ја изгубила битката со Ковид-19 во штипската болница. Портпаролот на Клиничка болница-Штип, Марина Шуманска, информира дека слободни се 17 ковид-кревети, осум на Инфективното и девет на Кожното одделение.
Во општините од истокот моментално активни се 488 ковид пациенти, најмногу во Штип 173 и во Кочани 152. Во сите останати општини бројката е двоцифрена, вклучувајќи го и Делчево и Пехчево, каде има активни 71, односно 10 случаи.






