
„Сите здравствени институции кои имаат хоспитализирани пациенти почитуваат заеднички протокол кој е напишан од професори од Клиниката за инфективни болести. Не знам од каде ви е информацијата дека нема протокол. Не можам да коментирам изјави на професори кои ги почитувам, но не се спремни да се справат со реалноста и даваат, за жал за мене необјасниви и несериозни изјави кои негативно влијаат во општеството“, рече министерот Сали.
Доктор Даниловски пред неколку дена одби да учествува во Комисијата за заштита на населението од заразни болести, откако ваква покана заедно со професорите Никола Пановски и Вело Марковски доби од Сали преку објава на Фејсбук.






