вторник, 9 декември 2025

За една недела зголемен број и на позитивни случаи и на реинфекции, но и на починати од ковид-19

Објавено на

часот

Сподели

Во овој период тестирани се вкупно 45.401 материјали, што е за 14,7% помалку од претходните седум дена, а процентот на позитивни случаи се движел од 21,4% до 30,2%, односно просечно 24,4%. Најголем дел од регистрираните случаи и овој пат се од Скопје (5.630 или 50,6%), а највисока неделна инциденца е регистрирана во Крушево (1.152,4/100.000) и во Битола (1.035,5/100.000).

Иако се регистрирани заболени лица во сите возрасни групи, најзастапена е возрасната група од 30 до 39 години, а најмал број има кај децата до девет години. Во однос на претходната недела имало зголемување на бројот на заболени кај скоро сите возрасни групи, особено кај лицата над 60 години. Кај нив растот е од 99,6%, а кај возрасната група од 50 до 59 години зголемување е од 90,3% во однос на претходната недела. Минимално намалување на бројот на заболени има кај возрасните групи од 20-29 години (-4,3%) и од 10-19 години (-2,5%). Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 6.029 (54,2%) лица од женски и 5.094 (45,8%) од машки пол.

Со статус „оздравени“, пак се стекнале 5.403 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување.

Во текот на минатата недела вкупно се пријавени 1.247 реинфекции, со зголемување од 31,8% во однос на претходната недела. Од почетокот на епидемијата, регистрирани се 3.380 реинфекции, што е 1,4% од вкупниот број на инфицирани.

Пријавени се 55 смртни случаи во 15 градови, за 34,1% повеќе од минатата недела. Најголем дел од нив се од Скопје (22) и од возрасната група над 60 години.

Во лабораторијата за вирусологија и молекуларна дијагностика при ИЈЗ, во периодот од 10 до 15 јануари од вкупно 96 позитивни примероци на САРС-КоВ-2 кај 57 од нив (59,4%) е детектирана омикрон варијантата. Омикрон варијантата е откриена во седум градови и тоа во: Скопје, Кавадарци, Тетово, Охрид, Кочани, Велес и Гевгелија.

Според извештаите од болниците, моментално се хоспитализирани 439 лица (25,1% повеќе во споредба со претходна недела), а од нив 251 се на кислородна поддршка и 26 на инвазивна/неинвазивна механичка вентилација.

Во однос на симптоми пријавени кај заболените, најчесто се регистрирани температура (59,3%), кашлица (44,8%) и малаксаност (43,5%), а 62.107 (27,9%) биле асимптоматски случаи.

Заклучно со 16 јануари годинава, во земјава се пријавени вкупно 245.398 случаи на ковид-19, а регистрирани се 8.115 смртни случаи. Активни во моментов се 16.397 лица, а 220.886 се водат како оздравени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ