вторник, 9 декември 2025

За една недела има 946 реинфекции со ковид-19, расте бројот на заразени со омикрон варијантата

Објавено на

часот

Сподели

Регистрираните новозаболени се од сите возрасни групи , а најзастапени се возрасните групи на лица на возраст од 30-39(27%), потоа од 20-29 (24%) и 40-49 (17%). Најмал број е регистриран кај возрасната група од 0-9 (2%). Во период од една недела односно од 3 до 9 јануари, пријавени се 946 реинфекции, со зголемување од 7 пати во однос на претходната недела.

Во лабораторијата за вирусологија и молекуларна дијагностика на Институтот за јавно здравје, во периодот од 05- 10.01.2022, направено е секвенционирање на вкупно 152 позитивни примероци на САРС-КоВ-2, а во 104 од нив, односно кај 68% е детектирана омикрон варијантата. Омикрон варијантата е откриена во 12 градови и тоа: Скопје – 48, Охрид – 27, Кочани – 7, Тетово – 6, Велес – 5, Пехчево, Штип, Гевгелија, Кавадарци по 2 и Виница, Неготино, Битола по 1 заразен.

Според извештаите од болниците моментално на територија на цела држава се хоспитализирани 351 лице што е 41% повеќе во споредба со претходна недела. Од вкупниот број хоспитализирани пациенти, 156 се во Скопје на Инфективната клиника, ТБЦ и ГОБ 8 Септември. Во останатите болници низ државата хоспитализирани пациенти има во Битола, Штип, Велес, Куманово, Охрид, Прилеп, Струга, Кичево, Кавадарци и Струмица.

Исто така, зголемен е бројот на дневни прегледи во инфективните одделенија низ болниците во државата, а бројот на прегледи на дневно ниво понекогаш во болниците во Скопје надминува 100 пациенти. Според епидемиолошките анкети најголем дел од пацинетите имале контакт со позитивен случај 3 дена пред почетокот на симптоми/добивање на позитивен резултат.

Министерството за здравство, апелира граѓаните кои чувствуваат какви било симптоми, да направат тест и да се изолираат како би спречиле ширење на вирусот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ