петок, 12 декември 2025

Во училиштето „Љубен Лапе“ утре ќе влезат инспектори

Објавено на

часот

Сподели

Од министерството велат дека за случајот побарале поопширни информации од Државниот просветен инспекорат имајќи предвид дека минатата година до тој орган реагирале родители на ученици од основното училиште „Љубен Лапе“.

„Согласно информациите од Државниот просветен инспекторат, врз основа на доставена претставка за работата на наставник во посоченото училиште, во текот на утрешниот ден ќе биде извршен инспекциски надзор, по што ќе бидат споделени повеќе информации“, се вели во одговорот за МКД.мк.

Инаку, претходно, во изјава за МКД.мк градоначалникот на Општина Аеродром Тимчо Муцунски изјави дека директорката на ова училиште Марјана Панчевска денеска доставила писмена оставка на функцијата.

„Во текот на денот ќе именувам вршител на должноста директор на училиштето. Новиот директор ќе има прв приоритет да ја разреши оваа состојба во училиштето и наставниот процес да стане нормален. Тоа што се случувало досега е недозволиво. Мора децата да имаат редовна и квалитетна настава”, нѝ изјави Муцунски.

Тој рече дека училиштето се наоѓа на територијата на Аеродром и дека затоа се заложил за решавање на проблемите во интерес на учениците.

Инаку, утрово се случи бојкот на наставата на децата од шестите одделенија, а пред училиштето дојдоа и родители кои рекоа дека веќе нема да дозволат наставничката по математика да се изживува врз нивните деца, да ги навредува, да им вели дека се глупави и идиоти. Изразија големо незадоволство затоа што не наишле на одговор нивните реакции упатени како кон директорката, така и кон Министерството за образование и наука.

Родителите рекоа дека наставниот процес по математика на часовите кои ги држи наставничката Анета Костоска се одвива „во тишина”, дека децата не смеат ништо да прашуваат, поради што на последниот тест по математика имало дури по 20 единици во одделение.

Родителите ја обвинија директорката дека ја штити наставничката со цел таа да не ја загуби работата. Утрово директорката вети формирање на комисија за овој случај, но потоа поднесе оставка.

П.Џ.

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ