Како што изјавиле од Министерството за здравство за МИА, според дневната евиденција на Министерството, во моментот има 188 слободни кревети за пациенти со компликации од ковид-19.
Модуларните болници, пак, се отвораат во услови кога се пополнети капацитетите на инфективните одделенија во рамки на болниците, потенцираа од Министерството.






