среда, 10 декември 2025

Укинување на задолжителен ПЦР тест за излез од државата и враќање на бремените жени на работа

Објавено на

часот

Сподели

Портпаролот на Комисијата за заразни болести, доктор Злате Мехмедовиќ на денешната прес-конференција појасни дека негативниот ПЦР тест за излез од земјата не во земјите каде граѓаните ќе треба да поседуваат ковид тест или вакцинален сертификат или сертификат за прележаност дека нема да им се бара, туку само дека при излез од земјава нема да биде потребен да се покаже на нашите гранични органи.

Во однос на втората мерка кажа дека се препорачува на бремените жени да се вакцинираат и да се вратат на работните места и да не бидат веќе ослободени од работа.

Според Мехмедовиќ, препораките на сите релевантни институции се бремените жени да се вакцинираат и да го заштитат своето здравје.

„Препораките во светот се дека може да се вакцинираат и дека е безбедна вакцинацијата за бремените жени и дека е препорачлива и не само што е безбедна за да можат да бидат побезбедно нивното здравје не само да е поврзано со работниот процес, туку и генерално со движењето низ популацијата. Препораките што ги кажавме се однесуваат на унапредување на здравјето на бремените жени. Доколку сакаат навистина да го заштитат своето здравје и здравјето на своите деца тогаш најлогичното објаснување е дека треба да бидат вакцинирани“, додаде Мехмедовиќ.

Во однос на епидемиолошката состојба во земјава, тој изјави дека во периодот од 14 до 20 февруари има намалување на позитивните случаи за 29,2 отсто и тоа најмногу кај возрасните групи од 20-29 и од 50-59 години. Во овој период регистрирано е и намалување на смртните случаи за 28 отсто.

Инаку, во земјава со две дози вакцина вакцинирани се 41 отсто од населението што не е доволно за укинување на мерките кои би спречиле трансмисија на вирусот

Што се однесува до клиничката слика, Мехмедовиќ рече дека сега за сега не се гледа разлика во клиничката слика на пациентите и дека уште е доминантен омикрон.

„Ги следиме светските искуства кои треба да ни укажат ако има разлики во третманот на омикрон и стелт омикрон“, додаде тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ