петок, 12 декември 2025

Сојузот на средношколци со поддршка за наставата со физичко присуство

Објавено на

часот

Сподели

Генералното собрание на Сојузот на средношколци вчера едногласно одлучи уште еднаш да го потврди ставот дека наставата треба да се одвива во училишните клупи.

Сојузот верува дека во најлоша ситуација наставата треба да се одвива комбинирано, додека во најдобра таа може да биде и целосно физички, соопштија од Сојузот.

Доколку се јави влошување, од Сојузот на средношколци препорачуваат да се оди на комбинирана настава, а не целосно онлајн.

„Најпрвин, сите средношколци, но и членовите на пошироката јавност, се свесни дека интерактивноста и квалитетот на наставата се на далеку повисоко ниво кога таа се одвива во училница споредбено со од далечина. Понатаму, оценките не можат да бидат адекватно проверени во онлајн наставата, додека таа со физичко присуство овозможува соодветна валидација.Што се однесува на физичкото здравје на учениците, во училиштата веќе постојат ригорозни протоколи кои го чуваат здравјето“, соопштија од Сојузот.

Оттаму потсетуваат дека токму поради нивниот предлог, во Протоколот се воведе редарска служба во училиштата за време на одморите.

Според Сојузот, одлуката наставата да се одвива во училишните клупи им овозможува социјализација на средношколците, а на училишните психолози им дава шанса да разговараат со нивните ученици околу нивното ментално здравје.

„Не смееме да заборавиме дека образованието треба да биде приоритетен општествен сектор на една држава. Во време кога економијата функционира нормално без никакви рестрикции, во време кога сите други тривијални сектори се преплавени од посетители, не смееме како општество да си дозволиме образованието да го направиме исклучок. Тоа едноставно треба да биде на прво место“, се наведува во соопштението на Сојузот на средношколци. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ