среда, 10 декември 2025

Сојот омикрон раширен низ основните училишта, со тестирање поточно ќе се знаат состојбите

Објавено на

часот

Сподели

Дека бројот на заразени „основци“ е во загрижувачки раст соопшти деновиве Комисијата за заразни болести, оценувајќи дека во средните училишта состојбите се релативно стабилни.

Според Министерството за здравство, постои интерес за учество во скринингот и досега се добиени околу 5 илјади согласности од родители на деца во основните училишта во Скопје.

„Врз основа на добиените согласности, направен е план и распоред за реализација на скринингот на терен и тој веќе се врши во неколку основни училишта во Скопје. Скринигот продолжува во понеделник. Во рамки на првата фаза ќе бидат опфатени училиштата на територија на град Скопје, а ќе бидат вклучени медицински екипи од Центарот за јавно здравје и Здравствениот дом Скопје“, информираат од Министерството.

Вкупниот број ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 291.820, бројот на оздравени пациенти е 274.808, а на починати е 8.869.

Иако се сметаше дека варијантата на болеста омикрон е со полесни симптоми и дека побрзо се оздравува, сепак бројот на починати и натаму е загрижувачки и секој ден е двоцифрен бројот на лица кои ја загубиле битката со болеста. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ