среда, 10 декември 2025

Скрининг во училиштата: Од 800 тестирани деца само осум се позитивни на коронавирусот

Објавено на

часот

Сподели

„Скринингот во училиштата сè уште не е целосно завршен. Треба да ја имаме онаа бројка која ја ветивме на почеток, репрезентативен примерок од 1.800 или 2.000 испитаници. Интересот беше голем. Околу 5.000 родители доставија согласност за тестирање на нивните деца. Иницијалните информации укажуваат на тоа дека во овој момент од 800 тестирани деца, само осум биле регистрирани како позитивни“, рече Мехмедовиќ.

Тој додаде дека за да се има репрезентативност на податоците треба да заврши скринингот на предвидената бројка, утврдена со методологијата на Комисијата за заразни болести.

Оваа недела, како што кажа, има тренд на намалување на заразени во сите старосни групи, меѓу кои и во онаа на деца од шест до 14 години, во која минатата недела имаше зголемување на трансмисијата.

„Зголемувањето на бројките кај деца од шест до девет и 10 до 14 години, беше аларм за да ги активираме овие секундарни контролни механизми да видиме дали има повисока трансмисија на вирусот во училиштата. Но, како што веќе кажав, има тренд на намалување на бројките во сите старосни групи, па и во оваа. Малиот број на заразени ученици не мора да се должи само на трансмисијата во училиштата, туку и на актуелниот тренд на намалување на бројките во сите старосни групи“, рече Мехмедовиќ.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ