петок, 13 февруари 2026

Седум лица истовремено имале и ковид-19 и грип, расте бројот на болни од грип

Објавено на

часот

Сподели

Сепак, според Институтот, не станува збор за состојба која би можела да се дефинира како епидемија, a последните денови процентот на позитивни е  6,1 отсто што покажува извесна стабилизиција, наспроти претходните недели кога имало над 10 проценти позитивност.

Сега често грипот се констатира и преку тестови кои во исто време се сензитивни и на вирусот на ковид-19 и на вирусите на грип, а се изработуваат имајќи предвид дека дел од симптомите се слични. Седум лица биле истовремено позитивни и на ковид-19 и на грип.

„Од почетокот на сезоната 2021/2022, заклучно со втората недела од 2022 година, во вирусолошката лабораторија на Институтот за јавно здравје пристигнати се 4.727 материјали од здравствените установи – од амбулантски и болнички лекувани пациенти за тестирање за присуство на вирусот на грип, од рутинскиот и сентинел САРИ надзорот. Регистрирани се 257 позитивни случаи, 144 Influenza A/H3, 112 Influenza A несубтипизиран и еден Influenza B. Регистрирани се 7 инфекции со грип и ковид-19 истовремено”, наведува Институтот и информира дека две истовремени инфекции се регистрирани во периодот од 9 до 16 јануари годинава.

Само во текот на јануари се пријавени 940 случаи на грип, а во декември дури 1.403 случаи, што е драстично повеќе во споредба со претходните неколку месеци – во ноември биле регистрирани 307 случаи, а во октомври 102, кога и практично и започнува да се шири вирусот на грипот. 

Најголем број на заболени се пријавени во возрасната група која опфаќа најголем дел од населението (од 15-64 години) – 1.527, случаи (57,6%), а највисока инциденца (385,4/100.000) се регистрира кај децата на возраст од 0-4 години (n=336), велат од Институтот.

Како најдобра превенција се потенцира вакцинацијата против грипот – досега во Македонија се вакцинирани вкупно 49.274 лица со бесплатна или комерцијална вакцина, информира Институтот за јавно здравје.

П.Џ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ