среда, 10 декември 2025

Сали: Потребен е 70-процентен колективен имунитет за олеснување на мерките

Објавено на

часот

Сподели

Според планот, како што рече Сали, треба да се направат околу 3.000 тестови, од кои илјада во Скопје, а останата бројка во други градови, која ќе даде појасна слика за тоа колку широко низ населението веќе поминал вирусот ковид-19 и со какви мерки треба здравствените власти да настапат во наредниот период.

На плоштадот во Битола голем број граѓани пројавија интерес да ја проверат својата имунолошка состојба кон коронавирусот. Граѓаните велат дека бесплатното тестирање е добра можност која треба да се искористи.

Некои од граѓаните велат дека случајно поминувале низ плоштадот и кога виделе дека има тестирање, решиле да „се проверат“. Некои од нив велат дека се вакцинирани со кинеските вакцини и дека се несигурни во својот имунитет, други велат дека болеста ја прележале пред повеќе месеци, но дека се плашат дека можеби немаат имунитет кон вирусот од сојот омикрон. Некои граѓани pak, велат дека не се вакцинирани и дека се сомневаат оти можеби „ја минале“ болеста без да имаат симптоми.

Инаку, министерот за здравство рече дека е задоволен од одзивот на родителите за скрининг во училиштата и дека само во текот на вчерашниот ден биле дадени над 4.000 одобренија за тестирање на децата.

Сали  нагласи дека поширокиот скрининг низ училиштата се спроведува затоа што е согледано дека има зголемување на бројот на заразени деца во основните училишта.

Министерот откри интересен податок: од вчера направени 200 тестирања на деца, само едно било позитивно на вирусот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ