„Поканата е јавна до сите експерти, а во овој случај со директен пост на Фејсбук ги поканив тројцата почитувани професори (Пановски, Даниловски и Марковски). Во случај на пандемија не би требало да пристапуваме со начинот како сме повикани, туку да пристапиме позитивно на поканата и да бидеме членови на работни групи каде се судираат аргументи со цел доаѓање до трајно решение“, рече Сали.
Одговарајќи на новинарски прашања, тој кажа дека нема да има укинување ниту на сертификатите ниту на мерките за спречување на ширењето на коронавирусот.
„Засега нема да ги укинеме сертификатите. Според епидемиолошката состојба, има многу мал број на вакцинирани. Уште го тераме четвртиот бран, не може да зборуваме за укинување на рестриктивни мерки“, изјави Сали, додавајќи и дека нема потреба од нови рестриктивни мерки.
Министерот за здравство уште најави дека утре ќе се одлучи кога и како ќе се врши скринингот на учениците, напоменувајќи дека првата недела од второто полугодие на учебната година е многу битна.






