„Оваа донација се реализира преку механизмот Ковакс и УНИЦЕФ.. Сакам да се заблагодарам на италијанската влада за оваа поддршка која ни ја дава во континуитет. Сакам да испратам апел до сите наши граѓани, дека имаме доволен број на вакцини, сигурни вакцини. Посакувам оваа акција на бустирање да биде прифатена од жителите“, рече министерот за здравство Беким Сали.
Втората пратка од Фајзер вакцините ќе пристигне во среда.
„Оваа акција е дел од нашите стремежи да им помогнеме на пријателските земји да се справат со пандемијата, но овде се работеше за посебно внимание кое го имаме кон Македонија. И оваа акција се придружува кон се она што ЕУ го прави за Македонија, на која земја членка сме и ние Италија, изјави италијанскиот амбасадор во земјава“, Андреа Силвестри.






