петок, 12 декември 2025

Починати се 39 лица од ковид-19, 1.493 новозаразени во последните 24 часа

Објавено на

часот

Сподели

Од новите дијагностицирани, 191 се реинфекции и една втора реинфекција.

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во Скопје се 720 новозаразени, Битола – 90, Куманово – 87, Кавадарци – 72, Тетово – 54, Струмица – 44, Прилеп – 43, Велес – 41, Охрид – 40, Штип – 32, Гостивар – 31, Свети Николе – 25, Неготино – 24, Гевгелија – 23, Кичево и Струга по 19, Ресен и Радовиш по 16, Кочани и Валандово по 13 нови случаи, Богданци – 11, Македонски Брод – 10, Крива Паланка – девет, Демир Хисар – осум, Дебар, Виница и Кратово по пет, Берово, Крушево и Македонска Каменица по четири, Делчево – три, Демир Капија – два и еден новозаразен во Дојран.

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирано е 31 починато лице: седум од Скопје (64г, 68г, 69г, 72г, 73г, 74г и 79г), пет починати лица од Куманово (60г, 65г, 71г, 77г и 78г), по три починати лица од Охрид (74г, 75г и 84г) и Струмица (58г, 73г и 75г), по две починати лица од Тетово (65г и 83г), Прилеп (79г и 84г) и Битола (75г и 79г) и по едно починато лице од Струга (72г), Пробиштип (63г), Кавадарци (78г), Крива Паланка (76г), Кичево (74г), Гостивар (75г) и Виница (67г). Сите се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од „Мој термин”, пријавени се дополнително осум починати лица – две во Кичево и по еден починат во Штип, Скопје, Делчево, Куманово, Струга и Гевгелија. Починатите се на возраст од 63 до 82 години Од пријавените лица, две се починати во болнички услови и шест лица се починати во домашни услови. Пријавените лица се починати во период од 26 до 31 јануари 2022.

Од вкупниот број починати лица (39), седум лица се целосно вакцинирани, а кај сите се регистрирани коморбидитети.

Во изминатото деноноќие се регистрирани 2.652 оздравени пациенти – од Скопје – 1.530, Битола – 184, Куманово – 166, Струмица – 85, Кавадарци – 82, Прилеп – 68, Неготино – 48, Кичево – 43, Гостивар и Гевгелија по 42, Радовиш – 40, Велес – 37, Тетово – 33, Ресен – 30, Кочани – 29, Штип – 28, Охрид – 27, Валандово – 18, Дојран – 15, Струга и Берово по 14, Крива Паланка – 13, Делчево – 12, Богданци – девет, Демир Хисар – осум, Свети Николе – седум, Македонски Брод, Виница и Пехчево по пет, Крушево – четири, Македонска Каменица и Пробиштип – по три, Дебар, Кратово и Демир Капија по еден оздравен.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ