На прес-конференцијата на која беше објавен новиот состав на Комисијата, тој информираше дека скринингот на учениците во основните и средните училишта ќе се спроведува со брзи тестови.
„Се размислува скринингот да биде со брзи тестови, кои не се премногу, но имаме на располагање околу 10-20.000 тестови и тестирањето ќе биде по случаен избор со цел да ја видиме вкупната застапеност на вирусот кај овие старосни групи“, рече Петличковски.
Претходнито скрининг, како што кажа, покажуваше со која стапка се развива инфекцијата и во таа насока ќе биде и оваа активност, а податоците од Институтот за јавно здравје покажуваат дека кај возрасната група од 12 до 18 години стапката на инфекција е мала па затоа е предложено второто полугодите да продолжи со физичко присуство.
По денешниот двочасовен состанок на Комисијата, Петличковски рече дека целта на
Комисијата за заразни болести ќе биде артикулирање на научните податоците и нивна примена во нашите околности.
„Исклучиво ќе се држиме до научните студии, а заклучоците да се обидеме да ги имплементираме во нашата средина. Нема да работиме на принцип ‘во Англија се фрлија маските и ние веднаш и тука да ги фрлиме‘. Во Македонија условите се поспецифични за еднострано да прифаќаме претпоставки од околината и од надвор.
Ќе с еобидеме научните сознанија да ги направиме прифатливи за нашите околности“, изјави Петличковски.
На денешниот состанок, како што кажа, се разговарало за наставата и скринингот, за епидемиолошката состојба во изминатиот период, опфатот со вакцинација и стратегии за подобрување, а помалку за сертификатите.
Одговарајќи на новинарско прашање околу големиот број реинфекции, Петличковски рече дека омикронот може да го избегне имунитетот стекнат со прележувањето на делта сојот и со вакцина, па единствен начин да се намали реинфекцијата останува вакцинацијата, вклучително и третата доза со која заштитата од инфекција се зголемува за над 80 проценти, како и носењето маски и држењето растојание.
Новиот портпарол на Комисијата, д-р Злате Мехмедовиќ, додаде дека за користењето на сертификатите за вакцинација нема промени, односно не се разговара за нивно укинување, бидејќи би било контрапродуктивно во услови кога трансмисијата на вирусот е на високо ниво.
Членот на Комисијата, д-р Илира Демири предупреди да нема опуштање дека омикронот е полесна варијанта и појасни дека тие што релативно лесно го поминуваат се вакцинирани. Без вакцина, вели може да биде во потешка форма. Тој рече дека неговото досегашно искуство покажува дека нема евидентирано ниеден починат од ковид без коморбидитети, а да е редовно вакциниран.
„Единствената мерка која би не заштитила да го поминеме ова полесно е вакцинацијата и тоа е наша обврска. Жално е пациент да живее во Скопје, а да не е вакциниран“, изјави доктор Демири.






