„Позитивен и прележан не е исто, бидејќи прележан е само со симптоми. Едни се само позитивни, а другите се прележани, односно оние кои се со симптоми. Последно беше кажано дека од сите прележани, а невакцинирани починале 13. Од оние кои се вакцинирани со две дози починати се околу 1.000. Беше кажано дека децата ќе се вакцинирале. Треба само повозрасните да се вакцинираат, тоа е реална кампања за вакцинација. Оние над 80 години има 10.000 пати поголема шанса да починат од ковид-19 отколку младите под 18 години. Оние како мене, кои имаат над 60 години има 1.000 пати повеќе шанса да починат од млад човек“, вели д-р Пановски.
Тој додава дека по правило би требало прелeжаните да се позаштитени од вaкцинираните.






