четврток, 11 декември 2025

Од ковид-19 починаа уште 13 лица, најмладиот на 30 години, регистрирани 1.172 нови случаи

Објавено на

часот

Сподели

Новите случаи на ковид-19 се во Скопје – 629, Битола – 109, Куманово – 64, Охрид – 53, Штип – 36, Тетово – 35, Кавадарци – 30, Велес и Кичево по 27, Прилеп – 25, Струмица – 24, Гостивар – 23, Ресен – 20, Гевгелија – 19, Струга – 11, Неготино – 9, Свети Николе – 7, Крива Паланка и Богданци по 5, Кочани – 3, Радовиш и Виница по 2 и во Берово, Дебар, Валандово, Кратово, Крушево, Демир Хисар и Дојран по 1.

Од вкупниот број на позитивни (1.172), регистрирани се 145 реинфекции.

За 24 часа регистрирани сe 553 оздравени пациенти и тоа од: Битола – 144, Прилеп – 65, Скопје – 53, Куманово – 40, Кавадарци – 24, Штип – 22, Велес – 20, Гевгелија и Кочани по 19, Радовиш – 18, Тетово – 14, Кичево и Неготино по 13, Крива Паланка и Богданци по 10, Гостивар и Свети Николе по 9, Делчево – 8, Демир Хисар – 7, Ресен и Валандово по 5, Крушево, Македонски Брод и Пхечево по 4, Струмица, Берово, Кратово и Пробиштип по 3, а од Виница и Македонска Каменица по 1.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 12 починати лица: 6 починати лица од Скопје (65г, 69г, 70г, 78г, 83г и 84г), 3 од Битола (32г, 72г и 79г) и по едно починато лице од Велес (30г), Охрид (63г) и Прилеп (62г). Пријавените лица се починати во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, пријавено е едно починато лице од Струмица (59г) починат на 15.01.2022, во болнички услови.

Од вкупниот број на починати лица (n=13), пет лица се целосно вакцинирани.

Направените 4.021 тест се преку: ИЈЗ-358, ЦЈЗ Скопје-72, ЦЈЗ Битола-65, ЦЈЗ Прилеп-0, ЦЈЗ Тетово–15, ЦЈЗ Куманово-46, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–163, Жан Митрев (Филип Втори)-155, Авицена-112, Биотек-207, Систина-104, лабораторија Лаор-204, Синлаб-0, Ремедика-17, Плодност-106, Генеа-11, Никоб Лаб-484, ВФВ Медикал-69, Ели Медика-29, Ројал Медика–0, Спектра-ММ-0, Рапид Лаб–21, Жан Митрев Струмица–18, Нова Лаб Дијагностика–3, Рамус-0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.762.

Досега во земјата се направени вкупно 1.727.856 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 250.876, бројот на оздравени пациенти е 223.606, на починати е 8.166, а бројот на активни случаи изнесува 19.104.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Дистрибуција по градови: Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)

Скопје 113.182, Активни 10.286

Куманово 14.095, Активни 731

Прилеп 12.226, Активни 999

Тетово 11.854, Активни 352

Битола 11.591, Активни 1599

Гостивар 8.436, Активни 272

Кавадарци 8.128, Активни 451

Велес 7983, Активни 350

Охрид 7.590, Активни 616

Штип 7.222, Активни 313

Струмица 6.806, Активни 413

Кичево 4.693, Активни 290

Кочани 4.388, Активни 200

Струга 4.190, Активни 215

Гевгелија 3.372, Активни 293

Неготино 2.881, Активни 179

Свети Николе 2.297, Активни 111

Ресен 2.156, Активни 217

Крива Паланка 2.110, Активни 114

Радовиш 2.072, Активни 205

Делчево 1.627, Активни 113

Берово 1.572, Активни 81

Дебар 1.481, Активни 16

Виница 1.232, Активни 36

Валандово 1.226, Активни 144

Пробиштип 1.217, Активни 51

Кратово 846, Активни 53

Крушево 781, Активни 147

Богданци 781, Активни 66

Демир Хисар 724, Активни 61

Македонски Брод 601, Активни 39

Македонска Каменица 465, Активни 32

Демир Капија 462, Активни 24

Пехчево 392, Активни 23

Дојран 197, Активни 12

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ