петок, 12 декември 2025

Нови протоколи за влез на македонските граѓани во Германија и Шпанија

Објавено на

часот

Сподели

Сертификатот за вакцинација со три дози призната вакцина од Германија засега ќе имаат неограничена важност.

Од МНР посочуваат дека патниците при влез ќе треба да ја имаат предвид важноста на нивниот сертификат со цел да не им биде одбиен влез.

„Во Шпанија, според новите правила, се прифаќаат потврдите за извршена имунизација со две дози вакцини од надлежните органи на Република Северна Македонија, доколку се поминати 14 дена од датумот на прием на втората вакцина и доколку не поминале повеќе од 270 дена од датумот на прием на втората вакцина. По истекот на рокот од 270 дена, сертификатот за имунизација издаден од надлежниот орган на земјата на потекло мора да содржи доказ за прием на трета (booster) вакцина“, се наведува во соопштението.

Шпанските власти соопштуваат дека влез со ПЦР или НААТ тестови ќе биде дозволен само за патници кои имаат соодветна шпанска виза или дозвола за престој во Шпанија. Сертификатите за имунизација со две вакцини кои не се признаени од СЗО и ЕМА ќе се прифаќаат само ако третата примена вакцина е признаена од страна СЗО и ЕМА. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ