вторник, 9 декември 2025

Напад врз здравствен работник да се третира како напад врз службено лице, Лекарската комора со апел до пратениците

Објавено на

часот

Сподели

Реакцијата на Лекарската комора е резултат на веста дека во амбулантата на Инфективното одделение во болницата во Охрид, пациент што не сакал да чека на ред почнал да дави докторка – инфектолог, која има 62 години. За среќа, реагирале членови на семејството на пациентот кои спречиле поголеми последици по докторката.

„Во услови на пандемија која трае веќе речиси две години лекарите секојдневно се наоѓаат под притисок да одговорат на потребите на зголемениот број пациенти, а заканите, како и физичките и вербални напади само го отежнуваат пружањето на здравствена услуга и негативно влијаат на нејзиниот квалитет. Исто така, лекар кој се чувствува небезбедено на работното место не може да биде максимално ефикасен во извршувањето на работите обврски. Лекарите и пациенти имаат иста заедничка цел, а тоа обезбедување на квалитетна здравствена заштита, што може да се постигне преку заедничко делување и соработка“, велат од Комората.

Лекарската комора укажува дека во услови на пандемија, кај нас како и пошироко во светот насилството врз здравствените работници стана понагласен проблем.

„Решение за овој предизвик веруваме дека може да се побара во побрзо носење на измените на Кривичниот законик. Имено, Лекарската комора подолго време лобираше и активно беше вклучена во измени на законската регулатива со кои нападот на здравствен работник на работното место ќе се смета за напад на службено лице за што јавното обвинителство ќе покренува кривична пријавата по службена должност и за што ќе има кривична одговорност. За ова да стапи на сила се направија измени на Законот за здравствена заштита кои се веќе донесени, како и измени на Кривичниот законик, кои се во собраниска процедура на носење. Апелираме пратениците во Собранието што побрзо да ги разгледаат и донесат овие законски измени, кои веруваме дека ќе испратат порака дека насилството не ги решава проблемите, туку само дополнително ги комплицира, поради што во случај на спор треба да се бараат системски решенија“, потсетува Лекарската комора.

Комората ги повикува и охрабрува своите членови да ги пријавуваат инцидентите со кои се соочуваат и нагласува дека ќе даде помош и поддршка во нивното разрешување согласно надлежностите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ