„Скринингот во училиштата е веќе отпочнат. Завршена е првата фаза во однос на добивање и обработка на согласностите од родителите. Интересот за учество во скринингот е голем и досега се добиени околу 5.000 согласности од родители на деца во основните училишта во Скопје.
Врз основа на добиените согласности, направен е план и распоред за реализација на скринингот на терен и тој веќе се врши во неколку основни училишта во Скопје. Скринигот продолжува во понеделник“, пишува во соопштението од Министерството.
Во рамките на првата фаза ќе бидат опфатени училиштата на територија на град Скопје, а ќе бидат вклучени медицински екипи од Центарот за јавно здравје и Здравствениот дом Скопје. Од Министерството за здравство додаваат дека сите активности за спроведување на скринингот се одвиваат во постојана координација со Министерството за образование и наука.






