четврток, 11 декември 2025

МЗ: Учениците ќе тргнат на училиште, а болничките капацитети ќе се зголемат зашто расте бројот на болни ковид-19

Објавено на

часот

Сподели

Комисијата за заразни болести, следејќи ја епидемиолошката состојба, препорача почнувањето на второто полугодие од учебната 2021–2022 год, наставата да се одвива со физичко присуство за сите ученици во основно и средно образование со доследно почитување на превентивните мерки и протоколи, соопшти Министерството за здравство.

Воедно, Комисијата препорачала клиниките кои беа пренаменети во ковид-центри, како што се Клиниката за кожни болести и Клиниката за неврологија во Скопје и натаму да функционираат како центри за ковид-болни, а е препорачано да се отвори дополнително ковид – одделение во ГОБ „8 Септември”.

„Трите државни установи се известени веднаш да ги преземат неопходните активности“, се вели во соопштението на Министерството за здравство и се додава дека на состанокот, на кој присуствувал и министерот Беким Сали, била разгледувана епидемиолошката состојба во земјава.

Зајакнувањето на капацитетите е резултат на континуираниот пораст на бројот на новозаболени, велат од министерството. 

„Министерството за здравство ги задолжи универзитетските клиники, Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза, Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза кај децата Козле-Скопје и Специјалната болница за геријатриска и палијативна медицина ’13 Ноември’, при зголемување на бројот на новозаболени, а на кои им е потребна хоспитализација да бидат организациски подготвени за спроведување на здравствениот третман на пациентите болни од ковид-19. Во однос на медицинскиот персонал, јавните здравствени установи се известени и задолжени да назначат лица – среден медицински кадар за вклучување во работата на КИБФС (медицински сестри и болничари)“, информира министерството.

Согласно дневните извештаи од инфективните одделенија и ковид центрите, како што пишува во соопштението, во моментот се хоспитализирани вкупно 573 лица, од кои 180 во Скопје и 393 лица на инфективни одделенија во државата

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ