вторник, 9 декември 2025

МЗ: Одлуката за почеток на второто полугодие ќе зависи од ковид-состојбите во земјава

Објавено на

часот

Сподели

Во соопштението е наведено и дека одлуката за почетокот на второто полугодие од учебната година ќе биде усогласена и со Министерството за образование и наука.

Министерството за здравство информира дека членовите на Комисијата за заразни болести на денешниот состанок дискутирале за повеќе предлог мерки, за кои дополнително ќе се донесат одлуки и заклучоци.

„На Комисијата се разгледуваше предлогот за скратување на времето на изолација на позитивни од тестирани на SARS-CoV-2 кои се асимптоматски случаи. За овој предлог членовите ќе донесат одлука по дополнителна обемна дискусија која ќе следи во наредните денови“, се вели во соопштението од Министерството за здравство.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ