четврток, 11 декември 2025

МОН препорача и наставниците да не одат на работа

Објавено на

часот

Сподели

Во дописот до директорите на училиштата се вели да не се организираат работни активности за наставниците, стручните соработници и административно – техничкиот кадар, освен за техничкиот кадар којшто е неопходен за обезбедување на објектите и имотот на училиштата во периодот од 20 до 26 јануари, кога се користи зимскиот одмор за учениците.

„Оваа препорака се дава со цел да се намалат трошоците за енергија и за електрична енергија во училишните објекти“, се вели во дописот од МОН.

Инаку, со одлука на Владата зимскиот распуст за учениците е продолжен до крајот на јануари поради пикот на заразата со ковид-19 во Македонија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ